Хакатон
Младински идеи за одржливи градби: Патот од инспирација до иновативни решенија. Хакатонот се организира во рамки на проектот „Хаб за циркуларна економија на Западен Балкан “(WBCE Hub), поддржан од Програмата RECONOMY на Шведската агенција за меѓународен развој (Sida), како и проектот CATALYST, кофинансиран од Erasmus+ Programme. Со мојата екипа победивме на хакатон, освојувајќи прво место, парична награда и стипендија за студирање на Градежниот факултет во Скопје.





